Правила на однесување (Пинг Понг)

2.2.2. ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ (ПИНГ ПОНГ)

Член 5

Посетителите на пинг-понг центарот се обврзуваат да ги почитуваат следните правила:

1. Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на пинг-понг центарот согласно со одредбите од овој Правилник.

2. Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на пинг-понг центарот доколку уредно имаат платено надоместок за користење за пинг-понг масите.

3. Услугите на пинг-понг центарот не смеат да ги користат лица помали од 14 (четиринаесет) години без надзор на овластено лице на основни училишта, средни училишта, акредитирани факултети и универзитети кои имаат склучено договори за користење на пинг-понг центарот.

*основните училиштата, акредитираните факултети и универзитети со потпишување на договорот за користење на пинг-понг центарот задолжително потпишуваат изјава со која ја превземаат и гарантираат здравствената состојба и безбедноста на своите членови за време на одржување на спортско-рекреативните активности.

*Изјавата е составен дел на овој Правилник.

4. Услугите на пинг-понг центарот не смеат да ги користат лица помали од 14 (четиринаесет) години.

5. Лицата кои се на возраст од 14 (четиринаесет) до 18 (осумнаесет) години мораат да бидат под надзор на родител/старател, во спротивно за сите штетни последици одговорноста ја сносат родителите/старателите на малолетните лица.

*Својата возраст лицата ја докажуваат со покажување на документ за лична идентификација.

6. Посетителите кои имаат здравствени проблеми, кои имаат забрана за извршување одредени физички активности или се под надзор на доктор не смеат да ја користат спортската опрема во пинг-понг центарот, во спротивно секој посетител на пинг-понг центарот ја користи истата на своја сопствена одговорност.

7. Пред започнување со спортско-рекреативните активности секој посетител е должен да се обрати на вработените на пријавница Запад во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ, за да му се дадат инструкции за користење на опремата.

8.Пред започнување со спортско-рекреативните активности сите посетители добиваат картичка на која е впишан бројот на масата за пинг-понг која треба да ја користат.

*По завршувањето со спортско-рекреативните активности посетителите се должни да ја вратат картичката на вработените на Друштвото на пријавница Запад во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ.

9.Посетителите на пинг-понг центарот можат да земат на користење реквизити од вработените на пријавница Запад во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ или да користат сопствени реквизити.

* Користењето на реквизитите кое Друштвото им ги дава на посетителите  е бесплатно.

10. При користење на реквизитите кои Друштвото им ги дава на посетителите на пинг-понг центарот, истите потпишуваат Изјава која ја добиваат од вработените на пријавница Запад во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ.

* Изјавата е составен дел на овој Правилник.

11.Секој посетител по завршувањето на користењето на реквизитите е должен истите да ги остави во уредна состојба.

12. По завршување на рекреативните активности, изнајмените реквизити се носат на пријавница Запад во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ, каде што се констатира од страна на вработените лица дали е настанато оштетување на некој од реквизитите и доколку истото е настанато се констатира во Записник за настаната штета.

* Констатираната настаната штета се наплатува согласно погоре цитираниот ценовник кој е составен дел на Одлуката за висина на надоместокот за користењето на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје (арх.бр.02-1232/4 од 14.09.2015 година).

13. Во пинг-понг центарот е забрането:

  • секое однесување кое ги попречува спортско-рекреативните активности во истиот и
  • секое непримерно однесување кое го нарушува мирот и спортската дисциплина.

*Секое лице што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите на вработените ќе биде отстрането од истиот од страна на извршителите на обезбедување.

*На секое лице  кое ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување, предмет на овој Правилник,  нема да му биде овозможено влез во пинг-понг центарот.

14. Забрането е внесување на алкохолни пијалоци, храна, наркотични средства и оружје.

15. Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.

16. Забрането е користење на услугите на пинг-понг центарот во алкохолизирана состојба.

17.Посетителите на пинг-понг центарот за своите лични работи (мобилни телефони, накит, торби, лични документи итн.) се лично одговорни.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.

18.Секое лице кое нема да ги почитува инструкциите за користење на спортските реквизити ја превзема одговорноста да ја плати целокупната штета што може да настане од неправилно користење на истите или доколку себе си си нанесе штета од неправилно користење на реквизитите, Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје нема да биде одговорно за истата.

19.Секое лице кое ќе увиди дефект на спортските реквизити е должно веднаш да го пријави дефектот кај вработените во Друштвото на пријавница Запад во Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ заради заштита од несакани последици.

20.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на посетителите на пинг- понг центарот во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.

*Сите овие правила се објавени на видно место на стаклото на пријавница Запад.

Член 6

Секое лице ги користи услугите и опремата на свој сопствен ризик.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални штетни последици доколку лицата кои ја посетуваат Кугланата не смеат да спортуваат поради лична лоша здравствена состојба.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не е одговорно за било каква повреда која се случила за време на користење на услугите во Кугланата.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на лицата кои ја посетуваат Кугланата во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување.

Доколку Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје има склучено договор за јавна набавка на осигурителни услуги, а кој договор  вклучува полиса за осигурување на лица од последици на несреќен случај – Незгода каде како осигуреници се јавуваат посетителите на објектите во склоп на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, одговорноста од несакани повреди и други последици ја префрла на осигурителната компанија која ги обештетува посетителите на Кугланата доколку утврди дека има основа за тоа, во спротивно посетителите немаат право на обештетување од страна на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Во случај посетителите на Кугланата да бидат обештетени од осигурителната компанија со која Друштвото има договор за јавна набавка на осигурителни услуги, истите немаат право на дополнително обештетување од Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на личните работи на посетителите (мобилни телефони, накит, торби, лични документи и слично).