sl7

Правила на однесување (Аеробик)

2.2.2 ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ (АЕРОБИК)

Член 5

Посетителите на Аеробик центарот се обврзуваат да ги почитуваат следните правила:

1.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на Аеробик центарот во согласност со одредбите од овој Правилник.

2.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на Аеробик центарот доколку уредно имаат платено чланарина за истиот.

3.По уплаќањето на чланарина, членовите на Аеробик центарот пополнуваат формулар за членство и доставуваат своја фотографија за идентификација врз основа на кои добиваат членска карта.

4.Право на користење на членската карта имаат само лицата на чие име е заверена.Злоупотреба на членската карта се казнува со одземање на истата.

5.Услугите на Аеробик центарот не смеат да ги користат лица помали од 5 (пет) години без надзор на спортските тренери на спортските клубови кои имаат склучено договори за користење на Аеробик центарот.

6.Услугите на Аеробик центарот не смеат да ги користат лица помали од 5 (пет) години без надзор на овластено лице на училишта, акредитирани факултети и универзитети кои имаат договор за користење на Аеробик центарот.

*Спортските друштва, спортските клубови, правните лица, училиштата, акредитираните факултети и универзитети со потпишување на договорот за користење на Аеробик центарот задолжително потпишуваат изјава со која ја превземаат и гарантираат здравствената состојба и безбедноста на своите членови за време на одржување на спортско-рекреативните активности.

*Изјавата е составен дел на овој Правилник

7. Услугите на Аеробик центарот не смеат да ги користат лица помали од 15 (петнаесет) години.

*Својата возраст лицата ја докажуваат со покажување на документ за лична идентификација.

8.Лицата кои се на возраст од 15 (петнаесет) до 18 (осумнаесет) години мораат да бидат под надзор на родител/старател, во спротивно за сите штетни последици одговорноста ја сносат родителите/старателите на малолетните лица.

9.Посетителите кои имаат здравствени проблеми, кои имаат забрана за извршување одредени физички активности или се под надзор на доктор не смеат да ја користат спортската опрема во Аеробик  центарот, во спротивно секој посетител на Аеробик центарот ја користи истата на своја сопствена одговорност.

10.Пред започнување со спортско-рекреативните активности секој посетител е должен да се обрати на аеробик инструкторите во Аеробик центарот, за да им се дадат инструкции за користење на опремата.

11.Услугите во Аеробик центарот може да се користат само во соодветна опрема и чисти патики.

Забрането е вежбање во несоодветни обувки или деловна облека која не соодејствува со спортската култура.

12.Секој посетител по завршувањето на користењето на секој реквизит е должен истиот да го остави во уредна состојба во каква и што го затекнал и во која ја започнал својата спортска активност и истиот да го врати на своето место.

13.Во Аеробик центарот е забрането:

  • секое однесување кое го попречува вежбањето во истиот и
  • секое непримерно однесување кое го нарушува мирот и спортската дисциплина.

*Секое лице што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите на вработените во Аеробик центарот ќе биде отстрането од истиот од страна на извршителите на обезбедување.

*На секое лице  кое ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување, предмет на овој Правилник,  нема да му биде овозможено влез во Аеробик центарот.

14.Забрането е внесување на алкохолни пијалоци, храна, наркотични средства и оружје.

15.Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.

16.Забрането е користење на услугите на Аеробик центарот во алкохолизирана состојба.

17.Посетителите на Аеробик центарот за оставање на личните работи задолжително треба да ги користат шкафчињата за таа намена во спротивно за сите свои лични работи (мобилни телефони, накит, торби, лични документи итн.) посетителите се лично одговорни.За време на користењето на шкафчињата, клучот од истите е во владение на корисникот.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.

18.Секое лице кое нема да ги почитува инструкциите за користење на  спортската опрема  ја превзема одговорноста да ја плати целокупната штета што може да настане од неправилно користење на истата или доколку себе си си нанесе штета од неправилно користење на истата, Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје  нема да биде одговорно за истата.

19.Секое лице кое ќе увиди дефект на спортската опрема е должно веднаш да го пријави дефектот кај вработените во Друштвото  заради заштита од несакани последици.

20.Посетителите се должни да побараат помош  од вработените во Аеробик центарот при евентуални повреди (исекотини, отоци настанати при удар и сл.).

21.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на посетителите на Аеробик центарот во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.

*Сите овие правила се објавени на видно место на ѕидот во Аеробик центарот.

 

Член 6

Секое лице ги користи услугите и опремата на свој сопствен ризик.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални штетни последици доколку лицата кои го посетуваат Аеробик центарот не смеат да спортуваат поради лична лоша здравствена состојба.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не е одговорно за било каква повреда која се случила за време на користење на услугите во Аеробик центарот.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на лицата кои го посетуваат Аеробик центарот во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување.

Доколку Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје има склучено договор за јавна набавка на осигурителни услуги, а кој договор  вклучува полиса за осигурување на лица од последици на несреќен случај – Незгода каде како осигуреници се јавуваат посетителите на објектите во склоп на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, одговорноста од несакани повреди и други последици ја префрла на осигурителната компанија која ги обештетува посетителите на Аеробик центарот доколку утврди дека има основа за тоа, во спротивно посетителите немаат право на обештетување од страна на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Во случај посетителите на Аеробик центарот да бидат обештетени од осигурителната компанија со која Друштвото има договор за јавна набавка на осигурителни услуги, истите немаат право на дополнително обештетување од Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

 

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на личните работи на посетителите (мобилни телефони, накит, торби, лични документи и слично).