Правила на однесување (Лизгалиште)

2.2.2.ПРАВИЛА НА ОДНЕСУВАЊЕ

Член 5

I.Посетителите кои рекреативно ќе ги користат услугите на лизгалиштето се обврзуваат да ги почитуваат следните правила:

1.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на лизгалиштето во согласност со одредбите од овој Правилник.

2.Посетителите на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје можат да ги користат услугите на лизгалиштето доколку уредно имаат платено билет за истото.

3.Лицата кои се на возраст под 18 (осумнаесет) години мораат да бидат под надзор на  родител/старател, во спротивно за сите штетни последици одговорноста ја превземаат  родителите/старатели на малолетните лица.

4.Посетителите кои имаат здравствени проблеми, кои имаат забрана за извршување одредени физички активности или се под надзор на доктор не смеат да ги користат услугите на лизгалиштето.

5.Услугите на лизгалиштето нема да се користат во следните случаи:

  • во денови или часови кога се одржуваат турнири по уметничко лизгање и хокеј и
  • во случај на непредвидливи ситуации кога не е можно користење на лизгалиштето.

6.Посетителите кои ќе изнајмат лизгалки се должни да ја користат патеката од гума која води од пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ до лизгалиштето. 

*Забрането е излегување со лизгалки по бетонскиот простор од пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ до лизгалиштето.

7.На лизгалиштето е забрането:

  • секое однесување кое ги попречува спортско-рекреативните активности во истото и
  • секое непримерно однесување кое го нарушува мирот и спортската дисциплина.

8.Забрането е внесување на алкохолни пијалоци и храна на лизгалиштето.

9.Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.

10.Забрането е користење на услугите на лизгалиштето во алкохолизирана состојба.

11.Посетителите на лизгалиштето за оставање на личните работи задолжително треба да ги користат шкафчињата за таа намена.За сите свои лични работи (мобилни телефони, накит, торби, лични документи итн.) посетителите се лично одговорни.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.

12.Секое лице кое нема да ги почитува инструкциите за користење на  спортската опрема (лизгалките)  ја превзема одговорноста да ја плати целокупната штета што може да настане од неправилно користење на истата или доколку себе си си нанесе штета од неправилно користење на истата, Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје  нема да биде одговорно за истата.

13.Секое лице кое ќе увиди дефект на спортската опрема (лизгалките) е должно веднаш да го пријави дефектот кај вработените во пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ  заради заштита од несакани последици.

14.Посетителите на лизгалиштето кои рекреативно ги користат услугите на истото, лизгаат на своја сопствена одговорност.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на посетителите на лизгалиштето.

15.Посетителите на лизгалиштето се должни да побараат помош од вработените на пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ при евентуални повреди (исекотини, отоци настанати при удар и сл.).

16.Секое лице што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите на вработените во пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ ќе биде отстрането од лизгалиштето од страна на извршителите на обезбедување.

II.Членовите на школата за уметничко лизгање се обрзуваат да ги почитуваат следните правила:

1.Членовите на школата за уметничко лизгање можат да ги користат услугите на лизгалиштето  во согласност со одредбите од овој Правилник.

2.Членовите на школата за уметничко лизгање можат да ги користат услугите на лизгалиштето  доколку уредно имаат платено месечна претплата за користење на истото.

3.Месечната претплата за користење на лизгалиштето се врши најдоцна до 5-ти во тековниот месец.

4.По уплаќањето на месечната претплата новите членови на школата за уметничко лизгање пополнуваат формулар за членство и доставуваат своја фотографија за идентификација врз основа на кои добиваат членска карта.

*кај малолетните лица формуларот за членство го пополнуваат нивните родители.

5.Право на користење на членската карта имаат само лицата на чие име е заверена.Злоупотреба на членската карта се казнува со одземање на истата.

6.За спортување уметничко лизгање препорачлива почетна старосна граница е 4 (четири) години.

7.Родителите на малолетните лица треба задолжително да се консултираат со инструкторот во школата по уметничко лизгање околу членувањето на нивните деца во истата.

8.Носењето на членската карта на секој тренинг е задолжително.Во рок од еден месец секој посетител е должен да донесе потврда дека е способен да се занимава со спорт.Потврдата треба да биде издадена исклучително од страна на надлежна здравствена служба за спортска медицина.

*Потврдата има важност од 6 (шест) месеци.

9.Членовите на школата за уметничко лизгање мораат да бидат под надзор на инструкторот во истата.

10.Членовите на школата за уметничко лизгање се должни редовно и на време да доаѓаат на часовите кои ги одржува инструкторот во истата.

11.Најбитни обврски кои членовите на школата за уметничко лизгање треба да ги исполнуваат се: почитување на редот, мирот, дисциплината и концентрација при вежбите како побрзо би совладале одредени елементи и пред се би се избегнале несакани повреди за кои школата не превзема одговорност.

12.Забрането е присуство на родители на часовите на школата за уметничко лизгање кои не се јавни.

13.Родителите на членовите во школата за уметничко лизгање треба да го почитуваат инструкторот во истата за време на оддржување на секаков вид на настани кој ги оддржува школата по уметничко лизгање.

14.Забрането е довикување и друго непримерно однесување од страна на родителите за време на активностите кога инструкторот оддржува часови за уметничко лизгање или во текот на натпревари или други јавни настапи.

15.Членовите на школата за уметничко лизгање се должни да ги почитуваат останатите лица со кои тренираат и забрането им е секакво непристојно однесување или потценување на другите членови и инструкторот во истата.

16.На лизгалиштето за уметничко лизгање е забрането:

  • секое однесување кое ги попречува спортско-рекреативните активности во истото и
  • секое непримерно однесување кое го нарушува мирот и спортската дисциплина.

17.Членовите на школата за уметничко лизгање кои ќе изнајмат лизгалки се должни да ја користат патеката од гума која води од пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ до лизгалиштето.

*Забрането е излегување со лизгалки по бетонскиот простор од пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ до лизгалиштето.

18.Забрането е внесување на алкохолни пијалоци и храна на лизгалиштето.

19.Забрането е фрлање на отпад, освен на местата кои се означени за тоа.

20.Забрането е користење на услугите на лизгалиштето во алкохолизирана состојба.

21.Членовите на школата за уметничко лизгање за оставање на личните работи задолжително треба да ги користат шкафчињата за таа намена.За сите свои лични работи (мобилни телефони, накит, торби, лични документи итн.) членовите на школата  за уметничко лизгање се лично одговорни.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на истите.

22.Секој член на школата за уметничко лизгање кој нема да ги почитува инструкциите од инструкторот за уметничко лизгање за користење на спортската опрема (лизгалките) ја превзема одговорноста да ја плати целокупната штета што може да настане од неправилно користење на истата или доколку себе си си нанесе штета од неправилно користење на истата, Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност.

23.Секој член на школата за уметничко лизгање кое ќе увиди дефект на спортската опрема (лизгалките) е должен веднаш да го пријави дефектот кај инструкторот заради заштита од несакани последици.

24.Членовите на школата за уметничко лизгање се должни да побараат помош од инструкторот за уметничко лизгање при евентуални повреди (исекотини, отоци настанати при удар или пад и сл.).

25.Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на членовите на школата за уметничко лизгање во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување и однесување.

26.Секој член на школата за уметничко лизгање што ќе го нарушува редот и нема да ги почитува правилата за однесување или нема да ги почитува инструкциите на инструкторот во лизгалиштето ќе биде отстранет од истото од страна на извршителите на обезбедување.

III.ПРАВИЛА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ЛИЗГАЛИШТЕТО ЗА ПРАВНИ ЛИЦА И КЛУБОВИ

1.Спортските друштва, спортските клубови и правните лица можат да ги користат услугите на лизгалиштето доколку уредно имаат склучено договор за користење и постапено по обврските превземени во истиот по основ начин на плаќање”.

2.Спортските друштва, спортските клубови и правните лица со потпишување на договорот за користење на лизгалиштето задолжително потпишуваат изјава со која ја превземаат и гарантираат здравствената состојба и безбедноста на своите членови за време на одржување на тренинзите.

*Изјавата е составен дел од овој Правилник

3.Членовите на спортските друштва, спортските клубови и правните лица не можат да ги користат услугите на лизгалиштето без тренер или одговорно лице за спроведување на активности, во спротивно треба да платат билет за користење на истото.

 

Сите овие правила се објавени на видно место: на стаклото од влезот на лизгалиштето и на ѕидот на пријавницата Лизгалиште која се наоѓа на западната страна на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје.

 

Член 6

Секое лице ги користи услугите и опремата на свој сопствен ризик.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални штетни последици доколку лицата кои ја посетуваат Кугланата не смеат да спортуваат поради лична лоша здравствена состојба.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не е одговорно за било каква повреда која се случила за време на користење на услугите во Кугланата.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема никаква одговорност од евентуални настанати повреди на лицата кои ја посетуваат Кугланата во случај истите да настанат од сопствено неодговорно постапување.

Доколку Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје има склучено договор за јавна набавка на осигурителни услуги, а кој договор  вклучува полиса за осигурување на лица од последици на несреќен случај – Незгода каде како осигуреници се јавуваат посетителите на објектите во склоп на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ во Скопје, одговорноста од несакани повреди и други последици ја префрла на осигурителната компанија која ги обештетува посетителите на Кугланата доколку утврди дека има основа за тоа, во спротивно посетителите немаат право на обештетување од страна на Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Во случај посетителите на Кугланата да бидат обештетени од осигурителната компанија со која Друштвото има договор за јавна набавка на осигурителни услуги, истите немаат право на дополнително обештетување од Друштвото за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје.

Друштвото БОРИС ТРАЈКОВСКИ ДООЕЛ Скопје не превзема одговорност во случај на кражба или оштетување на личните работи на посетителите (мобилни телефони, накит, торби, лични документи и слично).