Гостување на програмата на Спортско Радио 90,3

 Директорот на СЦ Борис Трајковски, Александар Петровски, во гостување на програмата на Спортско Радио 90,3 потенцира дека е задоволен од тековните активности и дека има планови за модернизирање на капацитетите.
 
„Сакам Спортскиот Центар Борис Трајковски од сите аспекти да се доближи до познатите европски арени. Се корегира осветлувањето во кугланата, се работи на семафорите и на подземниот ВИП паркинг. Се анализираат сите објекти и се прави план за оддржување и надградување. Имаме одлична соработка со АМС и заеднички имаме намера да направиме одредени промени поврзани со корисниците од екипните спортови. Тука во преден план се репрезентативните настапи“ вели Петровски.
 
„Спортскиот Центар Борис Трајковски, се обидува да им излезе в пресрет и на лицата со посебни потреби како и на клубовите кои досега не биле активни во нашиот објект. За рекреативците имаме многу атрактивни целодневни понуди се со цел да се зголеми искористеноста на капацитетите и да им се овозможи да спортуваат според нивните желби и потреби. Не ги забораваме и музичките настани, ќе направиме напор да ја зголемиме бројката на концерти секако во соработка со соодветните агенции“ – изјави меѓу другото директорот на Спортскиот Центар Борис Трајковски, Александар Петровски.
Sportsko17

Печати